Еден маж загина во експлозија, која се случи вечерва околу 19 часот во подземна гаража на Римскиот плоштад во Подгорица, јавуваат црногорските медиуми.
РТЦГ, повикувајќи се на неофицијални информации, информира дека бомбата била ставена под автомобил и била активирана додека возилото се движело.
По една силна, се слушнале и две послаби детонации, јави новинарот на РТЦГ од местото на настанот.
ЦдМ наведува дека од полиција им било кажано дека се работи за пресметка на криминалани групи.
Полицијата го блокираше влезот во гаражата, а на местото на настанот се наоѓа и екипа на Брза помош и пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


