Некрунисаниот њујоршки „крал на дрогата“, Франсиско Кироз-Замора е обвинет за распространување на количество од анестетикот фентанил, доволно да убие околу 10 милиони луѓе, а неговата „база“ била станот во кој се снимала ТВ серијата „Сејнфелд” во 90-те години на минатиот век, објавија градските истражни служби.
Мексиканецот Кироз-Замора (41), е обвинет за најтежок вид криминал, односно за криминално-организирана препродажба на дозволена супстанца. Покрај него, и пет други лица се обвинети во случајот.
– Оваа истрага и открива на американската јавност детален преглед во животот на еден криумчар од Синалоа картелот. Имаме документирано меѓународни патувања, исплати на пари и тајни состаноци. Кироз-Замора во Њујорк пуштил во промет количество фентанил, доволно моќно да убие милиони луѓе, изјави агентот на ДЕА, Џејмс Хант.
Кироз-Замора беше уапсен кон крајот на минатата година во Менхетен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


