Потпишувањето на Законот за јазиците од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери наместо од претседателот Ѓорѓе Иванов не е меѓу опциите кои се разгледуваат. „Мислам дека нема право да ставам потпис во име на некој еден друг“, додаде Џафери на новинарската средба, објави АлсатМ.
Околу дилемата дали Законот може да се објави во Службен Весник и да стапи на сила и без втор потпис, Џафери рече дека тоа ќе се разгледа како опција. Сепак, тој додаде дека постојат решенија кои се анализираат и ќе се примени и кои се најблиску до процедурите за функционирање на Собранието. Прашан дали комуницираат двата кабинета околу овој Закон, Џафери изјави дека усно побарал средба со Иванов, но оти не добил одговор. Начелата не предвидуваат временски рок за указ на Законот од претседателот по третото усвојување, бидејќи според спикерот на Собранието, ова е задолжително. „Претседателот, додава Џафери, е дел од извршната власт и не може да биде дел од законодавна постапка“.
Првиот човек на Парламентот ја исклучи можноста за покренување иницијативата пред Уставен околу одбивањето на претседателот на Иванов за Законот, идеја која пак деновиве ја отфрли и премиерот Зоран Заев. Според Џафери, единствената постапка за разгледување на одговорноста на Иванов е преку Собранието со импичмент. Импичментот се иницира од најмалку 30 пратеници, но не може да помине без двотретински гласови од пратениците, кои пак мнозинството ги нема.
ВМРО ДПМНЕ од друга страна, и понатаму отсуствува од работата на Собранието, неколку дена по ослободувањето на пратеници, обвинети за настаните од 27 април.
Џафери се надева дека ВМРО ДПМНЕ ќе се врати наскоро во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


