| четврток, 6 декември 2018 |

Кожарската индустрија забележала пад од 11%, производството на облека се намалило за 6,6%

Државниот завод за статистика денес го објави индексот на индустриско производство. Според податоците за февруари 2018 година растот изнесува скромни 3,1%. Притоа, индустриите за кои Министерот за финансии укажа дека исплатиле повисоки плати заради законот за минимална плата, тонат односно забележуваат негативни стапки на раст. Така во февруари 2018 година кожарската индустрија забележала пад од 11%, производството на облека се намалило за 6,6%, додека единствено мал раст забележува производството на текстил.

Пораст на плата во услови на пад на производство значи пад на продуктивноста, а секоезголемување на трошоците за труд без зголемување на продуктивноста е навистина штетно замакедонската економија. Најголема причина за пораст на индексот на индустриско производство во февруари 2018 годинасе три дејности: Производство на електрична опрема (раст од 29%) и Производство на машини иуреди (пораст од 13,5%) и Производство на моторни возила (24%).

Тоа се фирмите извозници во Технолошко-индустрики развојните зони кои СДСМ ги смета за несоодветни. Токму овие фирмисе најголемата причина за порастот на индексот. А порастот на овие дејности е придружен и сопораст на исплатената нето плата, однсоно се забележува значаен раст на продуктивноста. Растот на извозот во јануари 2018 година од 28%, во најголем дел како резултат на извозот од новите извозни капацитети го потврдува сето ова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top