Програмерите се налутија поради предлогот на Владата за покачување на персоналниот данок од 10 на 18% за вкупни приходи повисоки од илјада евра, пишува „Алфа ТВ“.
Велат ИКТ секторот има огромен проблем со заминување на кадрите во странство, па ако се воведе ова, информатичарите ќе немаат никаква желба да останат да работат во Македонија. Одливот на мозоци од оваа индустрија која создава дополнителна вредност и е главен носител на иновациите и технолошкиот напредок е до 6000 луѓе. Тие бараат ИКТ секторот да биде исклучен од новите планови на Владата, зошто ова решение за нив е погубно.
Македонија да не се промовира како земја со евтина работна сила – бараат информатичарите. Велат во некои држави од окружувањето, преку рамниот данок се стимулира редовно плаќање на давачките, како и отворањето на нови работни места. Со плановите за воведување на прогресивен персонален данок само се стимулира иселувањето, но и заминувањето на странските компании што работат во земјава.
Во ИКТ секторот нема „сива економија“ – уверуваат информатичарите. Велат дека за разлика од другите индустрии, нема фирми што даваат пари на рака, но и предупредуваат дека ако владиниот предлог стане реалност, вработените во ИКТ секторот ќе бараат начини како да плаќаат пониски даноци. Фриленсерите, на пример, имаат разни можности како да бидат платени за својата работа, а да ги заобиколат начините на кои УЈП може да дојде до нивните примања за да ги одданочи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход