| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е застрашувачки: Што сѐ знаат Фејсбук и Гугл за секого од нас

Скандалот со крадењето на лични податоци од страна на британската компанија „Кембриџ Аналитика“, која собрала приватни податоци од 50 милиони фејсбук профили, отвори дебата во јавноста околу приватноста на оваа социјална мрежа. Но, познавачите на приликите на ова поле се прашуваат зошто воопшто некој се чуди дека ова се случило? Затоа што оваа пракса трае со години.

Експертот Дилан Курон објави на Твитер дека може да дознаете колку Фејсбук и Гугл знаат за вас.

Податоците кои ги знае Гугл за вас може да ги симнете овде, а податоците кои ги знае Фејсбук овде.

-Сакате малку да се избезумите? Ќе ви покажам колку вашите податоци на Фејсбук и Гугл се чуваат, а вие тоа не го знаете – вели Курон.

Курон објавува и линкови како да дознаете за вашите податоци во најразлични полиња.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top