| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарна повреда на Тевез: Играл фудбал во затворот каде лежи брат му и се повредил

Напаѓачот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез, на бизарен начин се здобил со повреда на листот на ногата. Имено, Тевез бил во посета на својот полубрат во затворот во Кордоба, каде бил повикан да поигра фудбал со затврениците по што се повредил.

Аргентинските медиуми објавија дека Тевез, во затворот во Кордоба, го посетил полубратот Хуан Алберто Мартинез, кој е осуден на 16 години затвор поради вооружен грабеж.

Клубот на Тевез, Бока Јуниорс, објави дека фудбалерот  најпрво лажел за начинот на кој се повредил и во наредниот период ќе му определи соодветна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top