| четврток, 6 декември 2018 |

Висок е – како Харадинај објаснил зошто РОСА претепала српски министер од владата на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјавил дека полицијата не го препознала косовскиот министер за земјоделство, Ненад Рикала кој е повреден за време на апсењето на Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица.

-Тој е висок, кога полицијата го видела, сигурно не го препознала, мислеле дека е некој специјалец- рекол Харадинај на седницата на влада, пренесува приштински Зери.

Тој ги повикал сите да гледаат напред, бидејќи, како што рекол, сите мораат да живеат заедно на Косово, во мир.

-Ние немаме никаква причина да работиме тајно. Отворен сум за непрекинат дијалог- рекол Харадинај.

Заменик  на премиерот, Далибор Јевтиќ на таа седница барал истрага и одговорност за случувањата во Косовска Митровица.

Харадинај рекол дека ја разбира загриженоста во врска со тоа.

 

-Разбираме дека сте загрижени и тука сме да се погрижиме за тоа. Албанците како мнозинство, заинтересирани се за мир – оценил Хардинај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top