| четврток, 6 декември 2018 |

Во возилото направил специјални бункери: Албанец фатен со десет кила марихуана на „Деве Баир“

Албанец бил фатен во шверц на десет килограми марихуана завчера на граничниот премин „Деве Баир“, информираше Царинската управа.

– На 27 март за излез од државата се пријавил автомобил со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин. Возилото е селектирано за царинска контрола и по извршениот преглед на возилото, во внатрешноста на возилото, во специјално направени бункери, биле пронајдени 16 пакувања со марихуана- велат од Царината.

Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top