| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот „вардарец“ Хуан Фелипе експресно си најде нов клуб

Најдобриот фудбалер на Вардар сезонава кој неодамна спогодбено го раскина договорот со тимот со Скопје, Хуан Фелипе, веднаш си пронајде нов клуб.

Тој ќе настапува за тимот на Каират од Казакстан каде беше и официјално претставен, а со кого потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.

Името на Бразилецот секогаш ќе остане запишано во историјата на Вардар како играч кој го постигнал историскиот прв гол за Вардар во Лигата на Европа, погодокот кој го постигна на гостински терен против Розенборг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top