| четврток, 6 декември 2018 |

Изречени казните за ПАОК: „Пиштолџијата“ Савидис со суспензија од три години, на клубот му се одземаат 3 бода

Денеска фудбалската федерација на Грција ги изрече казните за големиот инцидент кој се случи на дербиото помеѓу ПАОК и АЕК на кое сопственикот на домаќините влета со пиштол на теренот.  Претседателот на солунски ПАОК, Иван Савидис, доби суспензија од дисциплинската комисија на грчката Суперлига од три години, а ќе мора да плати и 100.000 евра.

Савидис нема да може да присуствува на мечевите во следните три години, а освен него за хаосот на „Тумба“ казнет е и ПАОК и тоа со минус три бода, но и два бода минус за следната сезона. Плус три меча црно-белите ќе играат без присуство на публика, а ќе платат и парична казна од 63 илјади евра.

Инаку мечот со АЕК е регистриран со службена победа со 3-0 за атињаните, кои сега се многу поблиску до првата титула по пауза од две децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top