Косово е европски рекрдер по бројот на луѓе, повеќе од триста, кои им се придружиле на исламистите во светата гојна во Сирија и Ирак.
Меѓутоа, не можат сите да се вклопат во општата претстава за џихадистите, ако што открива нивнарката на Би-би-си Хелен Нијанијас, која во приштинско кафуле се сретнала со хипстер-џихадист.
Момче со збунето лице, куса брада и темносива морнарска јакна во модерно кафуле… Се вика Аљберт Бериша, има 31 година, а во сирија бил пред 5 години.
-Знам дека звучи неверојатно, но така е, ја почнува својата приказна Аљберт пред новинарката на Би-би-си за деветте дена во Сирија. Вели дека главната причина што заминал за Сирија е да се бори против сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Во војна отишол по грешка, а во краткиот и бирен престој во Сирија за малку ќе го мобилизирала и Ал Нусра, но го пуштиле. Потоа ѝ се придружил на група Албанци, но открил дека имаат намера да преминат во ИД, па ги напуштил.
Аљберт избегал во текот на една битка со Курдите, а потоа ѝ се придружил на Ахрар ел Шам, терористичка организација, коалиција на исламисти и салафисти. Научил како да расклопи, исчисти и да склопи автоматска пушка, но тврди дека не учествувал во борби. По само пет дена во Сирија, сфатил дека стварноста не ѝ одговара на роматичната слика за праведна ослободителна револуција.
-Можев, како и многу други, да излажам дека одам да делам хуманитарна помош. Навистина мислев дека ќе завршам обука и дека веднаш ќе ме пратат на фронт. Немав намера да им се придружам на терористите.
Бидејќи растел на Косово, идејата за оружена борба не му била непозната, но вели дека не е екстремист, туку наивец – сѐ што знаел за Сирија се базирало на видеоснимките што ги гледал на интернет.
-Не знаев дека меѓу орците против Асад има и криминалци. Мислев дека во опозицијата има само добри луѓе кои сакаат да му помогнат на народот.
Наместо тоа, видел сурови судири меѓу исламистички фракции во коинајлесто страдале цивили. Кога му кажал на командирот на својата единица дека прекршил едно од основните рпавила – не ја прашал мајка си за дозвола – го отпуштиле од Ахрар ел Шам и се вратил дома. Патештвието траело две недели. Мајка му не ни знаела дека е во Сирија, дознала во 2014 годнина кога полиција им упаднала дома и го одвела. Обвинет е за тероризам и осуден на три и пол години затвор. Ако вишиот суд ја потврди пресудата, кога ќе излезе од затвор, ќе има 34 годони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст