| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Набрзо се враќаме за да ги завршиме проектите што ги започнавме

ВМРО-ДПМНЕ било и ќе биде симбол за нови проекти, за подобар живот на сите граѓани, и се што оваа влада на СДСМ нема капацитет да изгради и не може да доврши, а што го започнало ВМРО-ДПМНЕ, ветуваме дека тоа набрзо ќе го завршиме

Добро е што владата на СДСМ почна да ги набројува проектите во инфраструктурата што ги започна ВМРО-ДПМНЕ и ги прикажува како свои, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски напрес-конференција .

-Добро е што владата на СДСМ почна јавно да ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ поготово во инфраструктурата, иако со години не кажа ниту еден добар збор за ниту еден инфраструктурен проект. Конечно оваа влада со набројување дека ќе ги продолжат инфраструктурните проекти самата потврди дека ВМРО-ДПМНЕ била на одличен правец и со одлични политики во делот на инфраструктурата.

Мисајловски на поздрави храброста на СДСМ да ја продолжи изградбата на проектите од ВМРO-ДПМНЕ, но е загришен што оваа неспособна влада скоро една година не само што нема започнато ниту еден капитален проект, туку и ги закочи проектите, ги заглави автопатите и експресните патишта, а градежништвото е во пад од околу 20%.

-Скоро една година ги манипулира граѓаните дека ќе почнат нови 600 километри автопати, а во реалноста не можат ни да го пуштат во употреба завршениот автопат Демир Капија – Смоквица. Ако за една година не можат да пуштат завршен автопат можеме сите да замислиме што се случува со сите останати проекти во инфраструктурата.

Мисајловски рече дека СДСМ треба да почне час поскоро да работи наместо да зборува во идно време дека ќе почне нови проекти, нови реформи, или дека ќе ги доврши проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Со празни зборови и со зборот ЌЕ ја однесоа Македонија и економијата во пропаст, а градежништвото во слободен пад, рече Мисајловски.

-Граѓаните немаат кратка меморија како што тоа можеби го мислат во СДСМ и граѓаните знаат кој, што и како направил за Република Македонија. Граѓаните се сведок дека оваа власт повеќе од 10 месеци нема направено еден метар нов пат. ВМРО-ДПМНЕ било и ќе биде симбол за нови проекти, за подобар живот на сите граѓани, и се што оваа влада на СДСМ нема капацитет да изгради и не може да доврши, а што го започнало ВМРО-ДПМНЕ, ветуваме дека тоа набрзо ќе го завршиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top