Ракометната федерација на Македонија, по претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Европското Првенство во Хрватска 2018, соопштија од федерацијата.
Македонија со две победи против Словенија и Црна Гора и еден нерешен резултат против Германија, го освои првото место во групата Ц од првата фаза на Европското првенство, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите 12. По одигрувањето на трите натпревари од втората фаза, Македонија го заврши ЕП на 11 позиција.
Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија обезбеди место во групата на носители во баражот за СП 2019 каде за противник ја доби Романија. Македонија обезбеди и место во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на ЕП 2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст