| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа Алексеј, носи поплави

Почитувани граѓани како што претходно најавивме за време на викендот кој доаѓа територијата на нашата држава ќе виде зафатена од нова циклонска активност и циклон, името на циклонот е АЛЕКСЕЈ.

Овој циклон со себе ќе донесе најпрвин засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Во сабота облачноста ќе се зголемува а навечер и во текот на ноќта кон денот недела најпрвин на запад и северозапад а потоа и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд а со поминување на овој циклон над нашата држава не се исклучува можноста да дојде до конвективен развој на облаци кој би условиле нестабилност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи а не се исклучува и можноста за редок град.

Врнежите ќе продолжат и во денот недела но ќе биде посвежо со што на планините ќе има врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ но сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ ќе бидат на запад каде локално за време на овој циклон ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.

НАПОМЕНА: Поради ветерот кој доста ќе го имаме овој викенд добро би било да внимавате каде се движете и каде ги ставате вашите возила односно истите да не бидат во близина или под дрвја за да не дојде до евентуална несакана ситуација.

Исто така поради ветерот но и поради многу високото ниво на езерата во државава не се исклучува можноста за поплавување на објектите кои се навлезени во езерата и тоа особено на Охридското Езеро кое денес и се излеа а секако локално излевање е можно и на реките и на речните корита поради брзото топење на снегот на планините кое ќе го има до сабота но и поради ПОИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи кој овој викенд ќе ги донесе циклонот АЛЕКСЕЈ.

Нови и обновени анализи очекувајте во текот на денот.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top