| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Митревски Кољо сам се пријавил и е пренесен во затворот Шутка

Никола Митревски Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, денеска попладне сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка.

Управата на КПУ Затвор „Скопје“ за МИА потврди дека Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.

Според обвинението, Митревски заедно со Александар Василевски – Нинџа телефонски ги контактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, и го мобилизирале членството од другите градови за насилен упад во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top