
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Сопшиште. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објави фотографии од настанот и порака со впечатоци од средбите со граѓаните.
Штотуку завршив со средба на граѓани и партиски членови во Сопиште. Денес, Македонија се соочува со едно заедничко зло кое граѓаните ги обединува, ги прави посилни и помотивирани да успееме да ја поразиме власта, да ги поразиме оние кои нашата држава ја осиромашуваат, ја одземаат перспективата и иднината на младите, ја уништуваат економијата на дневна основа. Денес видовме како се пофали Владата со проекти и патишта кои се проектирани и за кои се обезбедени средства од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека 10 месеци ништо не работеле од владата и исто толку време изгубиле за проектите важни за граѓаните. Како никогаш досега нашата земја се наоѓа пред предизвици, а овие предизвици, истата таа загриженост ја споделуваат и нашите граѓани од Сопиште. Таму велат единствениот наш остров на надеж е општината, додека Владата го има заборавено ова место. Тоа не смее да биде така, не смее граѓаните да стравуваат за иднината. Македонија мора да биде дом на среќни граѓани со извесна и стабилна иднина. Македонија заслужува подобро! – напиша Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


