| четврток, 6 декември 2018 |

Лондонскиот маратон ќе стартува на знак на кралицата

Во британската престолнина на 22 април ќе се одржи една од најпрестижните маратонски трки во светот, а знакот за почетрок на 37-от Лондонски маратон ќе го даде кралицата Елизабета II, која ден порано ќе напони 92 години.

Нејзиното височество од специјален подиум поставен во замокот Виндзор ќе го притисне копчето за старт.

– Навистина се чувствуваме почестени што Нејзиното височество прифати да го даде знакот за старт на маратонот. Тоа навистина ни е важно бидејќи се случува на 110-годишнината од стартот на Олимпискиот маратон во Лондон, за чиј старт знакот го има дадено принцеазата Мери, која е баба на кралицата, нагласи претседателот на организациониот одбор Џон Сперлинг.

Кралицата е трет член на кралското семејство кој го дал знакот за старт на Лондонскиот маратон, што прв пат се одржа во 1981 година. Прва беше принцезата Дијана во 1988 година, а минатата година нејзините синови принцевите Вилијам и Хари го дадоа знакот за почеток на најмасовната трка во Европа.

На маратонот кој е долг 42,164 километри ќе учествуваат над 40 илјади натпреварувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top