| четврток, 6 декември 2018 |

Поради закани кон децата дека ќе бидат прегазени со автомобили 12 училишта во Британија се затворени

Британски медиуми објавија дека најмалку 12 училишта ширум Британија се затворени денеска откако добиле заканувачка порака дека „децата ќе бидат прегазени од автомобили“.

Британскиот „Дејли експрес“ и „Дејли стар“ наведуваат дека полицијата потврдила дека на училиштата им биле упатени „злонамерни пораки“.Најмалку 12 училишта во Девон и Корновол се затворени, а закани наводно добиле и училишта во Дурам.

Настанал хаос, родителите во паника доаѓаа во училиштата по децата, јавуваат локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top