| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми – Бартол: Дијаспората ќе помага евроатлантските интеграции

Во овој значаен период за Македонија, дијаспората може да претставува инклузивен сегмент и да одигра позитивнa улога во евроатлантските интеграции на земјата, беше речено на денешната средба на министерот Едмонд Адеми и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, Горазд Бартол.

На средбата, Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, го информира Бартол за активностите околу Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план кои наскоро треба да бидат усвоени од Владата и институционално имплементирани во наредните години.

Бартол истакна дека напорите на целата Влада и на сите министри се значајни за подготовка на земјата за пристапувањето во НАТО.

Стана збор и за други актуелни политички прашања во Македонија, регионот и пошироко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top