| четврток, 6 декември 2018 |

Од следната недела сите нови автомобили ова ќе мора да го поседуваат

Сите нови автомобили во Европската унија од следната недела ќе мора да имаат вграден систем што автоматски ќе повикува итна помош во случај на сообраќајна несреќа.

– Системот под назив eCall има можност да спаси многу животи намалувајќи време за реакција на итни служби, изјави генералниот секретар на Европската асоцијација на производители на автомобили, Ерик Јонерт.

Сензори во автомобилите автоматски ќе пренесат локација, точно време и насока во која возилото се движело пред сообраќајката.

Дваесет и осум држави од ЕУ уште во 2015 година го одобрија системот eCall, а од овој викенд истекува тригодишниот преоден период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top