Најмалку осум лица се повредени од кои две сериозно кога се расипоала жичарницата во грузискиот ски центар Гудаури. Како што се наведува, жичарата одеднаш ја удвоила брзината, поради што многу од скијачите кои во тој момент се наоѓале на жичарата испопаѓале од неа, пренесува британскиот „Дејли мејл“.
Една туристка од Шведска има сериозни повреди како и едно дете.
Вистинската причина за инцидентот сеуште не е потврден, но се шпекулира дека причината би можела да биде проблем со електричниот напон или со кочниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.