| четврток, 6 декември 2018 |

Иско: Во Реал М. немам континуитет, селекторот Лопетеги ми верува повеќе од Зидан

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско синоќа имаше блескава партија против Аргентина кога постигна хет-трик во победата на Шпанија од 6-1, па можеше да си дозволи да каже се што му лежи на срце.

За разлика од неговите настапи во Реал Мадрид кои се променливи, за шпанската репрезентација го нема овој проблем, па Иско истакна дека довербата и континуитетот кои му се укажуваат се клучни за оваа разлика.

– Бидејќи немам континуитет во Реал, натпреварите во репрезентацијата ми даваат живот и сила. Тука чувствувам доверба од тренерот, додека во Реал можеби ја немам. Сакам да покажам дека сум добар фудбалер и затоа имам вакви одлични натпревари како овој, вели Иско.

– Селекторот Лопетеги со минутите кои ми ги дава на теренот покажува доверба во мене. Истото го немам во Реал Мадрид кој има други фудбалери. Можеби проблемот е во мене што не сум знаел како да се изборам да имам доверба од Зидан, додава Шпанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top