Колумбискиот крилен фудбалер Хуан Квадрадо се врати на тренинзите на Јувентус, што значи дека би можел да се врати на терените побрзо од очекуваното. Тој имаше проблеми со препоните, а во јануари беше и на операција во Германија, по што, според најавите, не требаше да се врати на тренинзите пред мај оваа година.
Сепак Колумбиецот уште во текот на минатата седмица се вратил на тренинзите, но тренинрал индивидуално. Тој во текот на вчерашниот ден конечно одработил и групен тренинг во кој што учествувал само во некои акции, што значи дека неговото опоравување трае пократко од планираното, потврдија на официјалната интернет страница на Јувентус.
Исто така, на тренинзите се вратил и Марио Манџукиќ кој што имаше репрезентативни обрврски, а Хрватот тренирал заедно со Пауло Дибала. И двајцата фудбалери се очекува да го започнат дуелот против Милан кој што се игра во сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст