На само десетина минути од плоштадот Македонија, според неговата подвижност, на заградениот плац зад ТЦ Рамстор, се крие кранот со кој што треба да се отстрани споменикот наречен „Воин на коњ“ од плоштадот „Македонија“, јавува Дудинка.
– Ќе морам од овде, од Семфиропљ на Крим, да откријам каде се наоѓа кранот убиец на Александар Македонски. Значи, истиот кран што беше паркиран на паркингот кај пожарна, а потоа беше сликан и кај Соборен храм, цело време се наоѓа во “дупката” зад Рамстор. Одлично камуфлиран, со штипски регистарски таблички, на градилиште каде не се гради ништо и ништо нема за подигање – дреме и чека да биде употребен против Македонскиот народ. Таблиците се црвени и припаѓаат на фирма од Штип “Кран ко” лоцирана на улица Тродосие Паунов 34. (29 ноември), пишува Миленко Неделковски за споменатиот портал.
Плацот е на фирмата “Елан пропертис”. “Градат” деловен објект. Подрумот го градат веќе 4-та година. Иако има само бетонирана дупка, сепак има сериозно обезбедување и видео надзор, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст