| четврток, 6 декември 2018 |

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Ѓорче

Дваесет и две годишниот скопјанец Б.Т. е повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16:20 часот на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко моторно возило “Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л. (62) и мотоцикл “Кавасаки” исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т. (22) и двајцата од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Б.Т. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top