| четврток, 6 декември 2018 |

Свлечиште на патот кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Повторно се активираше свлечиште на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Свлечиштето е на старата траса на патниот правец, на околу 100 – ­150 метри од објектите на манастирскиот комплекс.

Од општина Крива Паланка информираат дека се работи за свлечиште од поголеми размери кое го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот.

– Преземаме активности на критичниот дел за да се овозможи неопходно одвивање на сообраќајот, но во моментов не е можно целосно санирање на свлечиштето поради големиот обем и неповолните временски услови. Критичното место е соодветно означено и сообраќајот се одвива на стеснет дел од коловозот, посочуваат од општината.

Апелираат граѓаните да не ја отстрануваат или оштетуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат осебено внимателни при движење на тој дел од патот. Се препорачува до санација на свлечиштето за сообраќај да се користи новоизградениот патен правец до манастирот т.н. Руски пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top