| четврток, 6 декември 2018 |

Хостеса седнала во автомобил на саем, па удрила во лимузина

Несекојдневна сцена се случила пред два дена на Белградскиот саем за автомобили. Верувале или не – хостеса успеала да предизвика „сообраќајка“. Како што пишуваат српските медиуми, убавицата била главен актер на крајно неочекуван настан. Таа на наговор на купувач седнала во автомобилот и го стартувала. Во „сообраќајката“ учествувале возила од марката „Форд фокус“ и „Тојота јарис“.

-Автомобилот бил во прва брзина, се помести за метар-два и удри и ја оштети лимузината во соседниот штанд. Никој не можеше да верува, ниту пак некој очекуваше дека вакво нешто ќе се случи. Одеднаш само нешто пукна на саемот и сите останаа запрепастени. Не некои дури и им беше смешно – откриваат сведоци на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top