После неколкугодишно чекање, првата кинеска вселенска станица Тиангонг-1 следната недела ќе излезе од својата орбита и ќе влезе во атмосферата на Земјата, пишува порталот „Точка“.
Европската вселенска агенција прогнозираше дека вселенската станица ќе падне на Земјата помеѓу 30-ти март и 2-ри април, а сега се појави информација дека тоа ќе се случи на 1-ви април. Кога вселенската станица ќе падне на Земјата, ќе ја реши дилемата околу локацијата на нејзиниот пад.
Тиангонг-1 е причина за голема напнатост и грижа бидејќи Кина веќе нема контрола врз својата вселенска станица. Кинеските инженери не можат повторно да ги запалат моторите и да ја насочат станицата да падне во океан. Кога беше лансирана во 2011, станицата Тиангонг-1 беше прилично тешка, речиси 8.500 килограми, и заради тоа ќе стане еден од најмасивните објекти кои неконтролирано паднале на Земјата. За среќа, поголемиот дел од станицата ќе согори при влез во атмосфера, но сепак можно е голем дел од остатоците да паднат на копно.
-Веројатно ќе можете да го видите влезот на вселенската станица во атмосферата. Ќе изгледа како метеор. Искуството ни говори дека влезот во атмосферата ќе го преживеат 20 до 40 проценти од деловите. Нормално, постои некоја мала шанса да ви падне некој дел во двор, ама шансите да повредат некого се исклучително мали. Би рекол дека поголеми се шансите да ве погоди гром два пати во една година, отколку да ви падне дел од вселенска станица на глава. Главно паѓаат во океан, далеку од луѓе, велат од австралискиот вселенски центар.
Како и да е, експертите постојано ја пратат вселенската станица. Но сепак не можат со сигурност да знаат каде ќе падне, се до денот на рушењето. А тоа би можело да биде секаде, на поголемиот дел од Јужна Америка, Африка, Австралија, делови од Северна Америка, Азија и Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст