| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникари ги извлекле рачно со сајла: Девет скопјани повеќе од еден час биле заглавени во лифт во центар

Деветмина скопјани викендов повеќе од еден час останале заглавени во лифт рано наутро во зграда во центарот на Скопје. Лицата биле спасени од Противпожарната бригада на град Скопје.

Проблемот настанал околу 7 часот кога застанал лифтот меѓу катови во зграда висококатница во центарот на Скопје. Деветмината кои во моментот се наоѓале во лифтот, почнале да тропаат и викаат за помош, но и сигналот од мобилните телефони бил слаб. Сепак, еден од нив успеал да се јави во агенцијата која го обезбедува која помогнала при извлекувањето.

Додека граѓаните биле заглавени во лифтот, станарите од зградата кои барале помош не можеле да го лоцираат управителот на зградата, одговорниот на куќниот совет, ниту пак да обезбедат број од сервисот кој го одржувал лифтот во висококатницата.

Набргу била алармирана Противпожарната единица на град Скопје која, но по пристигнувањето пожарникарите наишле на проблем бидејќи вратата на призмените катови не се отварала, па единственото решение за извлекување било рачно со сајла до најгорниот 11-ти кат од зградата.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top