Видео инсерти и фотографии од масовната прослава во Скопје, но и од Охрид ги обиколија светските медиуми, а посебно беше поздравена акцијата со садење на илјадници дрвца низ целата република.
– Македонија минатата сабота масовно се вклучи во акцијата Часот на планетата Земја и уште еднаш испрати силна порака против климатските промени. Во мрак потонаа над 80 локации, беа засадени илјадници дрвца, се трчаше маратон од пет километри, а републиката доби и два парка посветени на планетата Земја. Во Скопје, пак, уживавме во акустичниот концерт и забавата со флуоросцентни бои. Најважно од се е тоа што мотивиравме илјадници граѓани низ Македонија и уште милијарди повеќе низ целиот свет дека секој од нас има моќ да направи промена и заеднички да испратиме силна порака за спас на планетата Земја – изјави Ѓорги Селков од Канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.
Часот на планетата Земја е глобално еколошко движење креирано од WWF, а поддржано од UN. Како една од првите кампањи креирана од луѓето за луѓето, Часот на планетата Земја прерасна во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизниси, организации и влади, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст