| четврток, 6 декември 2018 |

Дирк Новицки го мрази Мајами Хит

 Германецот Дирк Новицки, неодамна призна дека максимално е изнервиран од однесувањето на луѓето во таборот на актуелниот шампион Мајами хит:

„Во животот не мразам никого. Јас сум опуштен дечко, но кога се работи за Мајами го имам чуството кое е најблиску до мразење“
Германецот во 2011 беше прогласен за МВП на финалната серија кога Далас го совлада Мајами со 4:2. „Телињата“ се единствен тим во НБА лигата кој го совладал Мајами во една плејоф серија по комплетирањето на ударниот трио на Вејд-Леброн-Бош. Тој пораз изгледа го заборавија Двејн Вејд и Ерик Сполстра кои по завршувањето на серијата против Сан Антонио изјавија дека оваа серија е „најтешката во која Мајами некогаш играл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top