Деновиве се појави фотографија на која познатата двојка, Бред Пит и Џенифер Анистон се бакнуваа. Таблоидите се преполнети со вести дека поранешните партнери оставиле се позади нив и решиле да и дадат втора шанса на нивната љубов. Во целата драма беше замешан и Џорџ Клуни, кој наводно го иницирал нивното смирување.
Но, по се изгледа дека ексклузивната вест на која обожавателите на парот најмногу се израдуваа е лажна. Се воспоставило дека фотографијата од нив двајца, всушност е креација на Фотошоп, а се користела за да се измамат голем број на читатели кои со нетрпение очекуваат реакција од славниот актер.
Освен фотографијата направена со помош на Фотошоп, ниту еден дел од текстот за нив не бил вистинит. Единствена вистина во целата драма е дека фотографијата навистина постои, но е составена од две други. Првата е направена во 2010 година во Будимпешта, но на неа не е Анистон таа што го бакнува Пит, туку Анџелина Џоли чија рака е на рамото на познатиот актер.
Додека фотографијата од другата страна каде стои Џенифер е исто така вистинска, а направена е за време на филмски сет при снимањето на филмот The Switch која била дополнително обработена за читателите да не откријат дека тоа е измама.
Двете фотографии дополнително биле споени во една за да изгледа дека поранешните партнери се уловени заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст