| четврток, 6 декември 2018 |

Убав е, но изгледа повозрасно: Анџелина Џоли има нов маж во својот живот

Анџелина Џоли дефинитивно го оставила Бред Пит во минатото. 42-годишната актерка има врска со агент за недвижнини, објави „Entertainment Tonight“. Медиумот истакна дека Пит, со кого уште не е финализиран разводот, исто излегува на состаноци, но засега нема ништо сериозно.

– Да, таа моментално се гледа со некого, изјави извор за изданието.

Агентот на Џоли не е познат и е опишан како „убав“ и „изгледа повозрасно“. Најверојатно тој живее во Лос Анџелес, каде Анџелина поминува поголем дел од времето со шесте деца – Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (11) и 9-годишните близнаци Кнокс и Вивиен.

Изворот, исто така, вели дека нивната врска не е „сериозна“, туку само двајца возрасни кои заедно се забавуваат и си помагаат. Пријателите на актерката многу се радуваат дека во моментов таа е среќна, бидејќи тешко ја доживеала разделбата со Бред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top