| четврток, 6 декември 2018 |

„Ај па и Амди во Извршен“: СДСМ се претвора во алеја на заслужни

Членови и симпатизери на СДСМ не се воодушевени од одлуката на врвот на партијата да ги вдоми Андреј Жерновски и Чедомир Саздовски буквално од улица во највиосокиот орган на партијата – Централниот одбор. Освен што е понижувачки за долгогодишните членови, ваквиот чекор е во спротивност на Статутот на партијата.

Во тој контекст Тодор Костадиновски, советник во општина Кисела Вода од СДСМ на Фејсбук објаснува како одлуката Чедомир Саздовски да стане член на ЦО на СДСМ њ во спротивност со Статутот.

Особено е проблематично политичкото минато на Саздовски, кој бил претседател на општински одбор на СДСМ во Кисела Вода, а како кандидат за градоначалник на истата општина и поразен во втор круг. Во 2013 година Саздовски преминал во СДУ, како носител на листа за Совет на општина Кисела Вода, а потоа оди во ГРОМ кај Стефче Јакимовски и станува пратеник во Собранието. Во истиот статус Костадиновски пишува дека Саздовски ги прекршил актите на СДСМ со начинот на кој се враќа во партијата.

„Денес преку ноќ стана член на Централен одбор на СДСМ. При негово донесување во ЦО повреден е СТАТУТОТ на СДСМ врз основа на членовите : 9, 15, 18, 27 и 28. Во прилог детално ќе ви образложам Во 2013 година кога Ч.С. реши да оди со СДУ како носител на листа за Совет на Општина Кисела Вода врз основа на член 15 од Статутот на СДСМ кој гласи: „Членувањето на СДСМ престанува со одлука за исклучување поради зачленување во друга политичка партија; кандидирање како независен кандидат или кандидат на друга политичка партија без согласност на СДСМ. Член 18 од Статутот дополнува „Исклучување може да се изрече за потешки облици на повреда со кои е нанесена значителна штета на партијата.“ Овде врз основа на овие членови во 2013 година би требало да биде исклучен од партијата. Член 27 од Статутот на СДСМ гласи: „Конгресот на СДСМ избира членови на ЦО. Не е свикан конгрес за да влезе во ЦО! Член 28 строго дефинира: „ЦО го сочинуваат 100-120 членови на ЦО избрани на Конгрес“. Не е свикан конгрес за да биде дел од ЦО!“, објаснува Костадиновски и додава дека Саздовски од 2013 не е член на СДСМ, па за да стане дел од ЦО треба да стане нов член на СДСМ.

„А според член 9 член на СДСМ се станува со потпишана изјава за пристапување кон СДСМ доставена до општинскиот одбор Кисела Вода, а таква нема. Доколку пак е доставена до друг орган на СДСМ, Извршниот одбор на СДСМ Кисела Вода треба да изврши верификација, а такво нешто немало до сега. Што значи според Статутот на СДСМ паѓа во вода неговото членство во Централниот одбор. Ајде сега вака: Кога Чедо се кандидираше за градоначалник, јас бев дете кое дремеше во штабот на СДСМ во Припор (кој беше кај мене во гаража), додека Чедо беше советник и пратеник јас за тој временски период бев 3 пати бркан од работа зошто сум СДСМ, дури и два пати имаше закани со огнено оружје пред штаб! Вакви гадотии од луѓе не смеат да бидат дел од ЦО најмалку од СДСМ! Поздрав другари и другарки! Дали мирно спиеш НО на СДСМ?“, заклучува Костадиновски.

Незадоволна од одлуката на партискиот врв е и Софија Куновска.

„Ај па и Амди член на Извршен“, пишува Куновска, која алудира на одлуката на Амди Бајрам да излезе од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и да ` се приклони на СДСМ, како што направи и Саздовски, кој не ја почитуваше одлуката за бојкот на Собранието на Коалицијата за подобра Македонија, преку која влезе во Собранието на Република Македонија.

И Мери Николова е незадоволна од одлуката Чедомир Саздовски да влезе во ЦО на СДСМ.

Секако, не треба да го заборавиме молскавичниот влез во политиката и тоа директнов о ЦО на СДСМ и на новинарот Мухамед Зекири.

Замина од новинарството и влезе директно во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалниот Зекири

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top