Сојузниот министер за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Карин Кнајсл, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија, при што ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.
– На средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, економските потенцијали за соработка и нивното натамошно продлабочување, соопшти МНР.
Воедно, посочуваат оттаму, разговорите ќе се фокусираат на европската интеграција на Република Македонија и приоритетите на австриското претседателство со Европската унија во втората половина од 2018 година, а во светло на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година.
Во рамките на посетата, министерката Кнајсл ќе оствари средба и со премиерот Зоран Заев, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст