| четврток, 6 декември 2018 |

Набавката на СДСМ за РЕК Битола е делумна и само ќе го продлабочи проблемот

СДСМ ја поништи набавката на опрема за РЕК распишана од ВМРО-ДПМНЕ, за сега да врши парцијални набавки кои не ги покриваат потребите на ова претпријатие, реагира опозициската партија.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го донесуваме во целост.

„Осум месеци СДСМ во ЕЛЕМ. Осум загубени месеци за  македонската енергетика. Со преземањето на управувањето со ЕЛЕМ, СДСМ го поништи тендерот за набавка на опрема за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола, кој беше распишан од страна на раководството од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако СДСМ ја поништи набавката отпочнато во време на ВМРО-ДПМНЕ, набавка која во целост ги задоволуваше потребите на РЕК  Битола, сега  распиша парцијален оглас  за опрема, која не може во целост да ги покрие потребите на претпријатието.

Управувањето на ЕЛЕМ  од страна на СДСМ  го чинеше претпријатието осум месеци без сопствена опрема. Период во кој од Буџетот на граѓаните се одвојуваа пари за плаќање на фирми за ископ, наместо истиот да се врши со опрема на претпријатието.

СДСМ  потроши 8 месеци и пари на граѓаните за сега да распише оглас за набавка на опремата која доколку беа повеќе одговорни ќе беше набавена уште пред 8 месеци.

Единствено што направи СДСМ и раководството на ЕЛЕМ во изминативе  8 месеци е склучување договори во 4 очи по скратена постапка на  фирми блиски до нив.

Штетите од оваа ненародна  власт се огромни. Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената  на оваа  расипничка гарнитура,  кој колку побргу си замине толку подобро за државата и граѓаните.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top