Во последно време се повеќе се нижат притисоци, но и закани кон медиуми и новинари. Последен е случајот со сопственикот на порталот Журнал, кој се обидува јавноста да ја информира каде одат парите од општина Кичево. За да биде замолчен, министерот за економија Крешник Бектеши му поставил замка, пишува „Журнал“. Бектеши го повикал на средба, но во договореното време наместо Бектеши, се појавил градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.
Опозициските партии, Алијансата за Албанците и Движењето Беса го осудија ваквиот чин на министерот Бектеши. Велат фунционерите треба да научат да даваат отчет за нивната работа во јавноста.
-Ние ја осудуваме вербалната закана на министерот за економија до сопственикот на информативниот портал Журнал. Заканата кон медиумите и новинарите, е закана за слободата на медиумите и слободата на изразување. Ние ги охрабруваме сите новинари и независни портали, да не паѓаат на заканите на политичките функционери, и истите да ги осудат пред јавноста, да ги пријават во судските органи, како и да ги информираат дипломатските претставништва во земјата, изјавил Флакрон Беџети од Алијансата за Албанците за порталот.
Од Беса пак велат дека оние кои се на власт се должни да ја извршуваат својата работа одговорно, овозможувајќи целосна транспарентност за граѓаните.
-Министрите и сите фунционери се должни да ги извршуваат своите должности со одговорност и професионалност овозможувајќи целосна транспарентност во врска со тоа како се трошат парите на граѓаните. Во овој процес, поддршката на медиумите и нивниот слободен глас е во интерес на граѓаните. Крајно време е фунционерите да научат да даваат отчет за нивната работа, изјави за Журнал портпаролот на Беса Орхан Муртезани.
Ова е последен случај од повеќето во последниве месеци.
Закани имаше и за претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани и тоа од висок функционер на ДУИ, односно од Беќир Асани.
Братот на Бекир Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани
За текстот „Шест илјади евра за платеничката војска на Сорос“, „Република“ беше казнета од Дирекцијата за заштита на лични податоци, за објавување лични податоци (имиња и презимиња, работен ангажман, и паричен надомест) коишто, во најголем дел веќе беа објавени во други медиуми.
Освен парична казна од Дирекцијата, без известување и покана до обвинетиот, без ниту едно одржано судско рочиште, судот изрекува уште една парична казна за истото дело и казна затвор за одговорното лице, односно директорот на медиумот, кој истовремено е и сопственик, во траење од 3 месеци, условно до една година да не стори ново кривично дело, затоа што во средството за јавно информирање биле објавени личности од јавниот живот со цело име и презиме и информација за нивниот работен ангажман.
Овие три случаи се само во рок од еден месец што јасно говори за тенденцијата на замолчување на медиумите од страна на владејачката гарнитура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст