| четврток, 6 декември 2018 |

Умре кошаркарот што претрпе инфаркт на терен

Кошаркарот Зек Апшоу, кој вчера претрпе срцев удар среде натпревар почина вечерва.

Апшоу (26 години) падна на теренот за време на дуелот на неговиот тим Гранд Рапидс драјв против Лонг Ајланд нетс, по што експресно беше пренесен во болницата „Спектрум“. Лекарите таму дваесетина часа се бореа за неговиот живот, но за жал не успеаја да го спасат.

– По континуираните напори на медицинскиот тим во клиниката Спектрум, Зек од денеска повеќе не е меѓу нас – објави Гранд Рапидс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top