| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал „Кембриџ Аналитика“: Дали компанијата тајно прибирала материјали во Македонија? (видео)

Компанијата „Кембриџ Аналитика“ имала цела мисија во недефинирана земја во Источна Европа, во која се одвивало крадење и злоупотреба на одредени тајни материјали – открива директорот на компанијата Александер Никс во андеркавер интервју за британскиот Канал 4.

Во интервјуто, новинарите на Канал 4 пред Никс и уште еден негов соработник се претставуваат како заинтересирани клиенти, кои сакаат да ја ангажираат компанијата на политичка кампања.

Во краткиот документарец од лажната соработка со „Кембриџ Аналитикс“, мислејќи дека комуницираат со потенцијални клиенти Никс и неговиот соработник ги откриваат изборни измами на нивната компанија: мито, бивши шпиони, лажни лични карти, сексуални работнички. Но, откриваат дека имале и тајни операции во една земја во Источна Европа.

-Скоро користевме една различна организација за еден многу, многу успешен проект во една земја од Источна Европа. Никој не ни знаеше дека работат таму. Влегоа тајно, ја сработија работата и тајно излегоа. Продуцираа многу добар материјал. Имаме искуство во оваа работа. – му вели Никс на потенцијаниот клиент.

 

Според мапата која беше објавена од американските истражувачки новинари, оваа контроверзна компанија, свои соработници во овој дел од Европа има само во Македонија.

Соработникот на „Кемтриџ Аналитикс“ од Источна Европа е Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“ кој дури со три компании е врзан во шемата за крадење и политичка злоупотреба на податоци од Фејсбук на контроверзната британска агенција „Кембриџ аналитика“, покажува истражувањето на новинарката Венди Сигелман за платформата Медиум.

Дека се блиски соработници со Спасов, потврдува и заедничката фотографија на Никс (човекот кој објаснува за мисијата во Источна Европа во андеркавер истражувањето на Канал 4).

Светски скандал „Кембриџ аналитика“: Никола Спасов поврзан во мрежата преку три фирми

„СЦЛ Балканс – Македонија“, „Рејтинг центар тим“ и „Макијавели стратеџис“ се имињата на компаниите кои се вмешани во мрежата на „Кембриџ аналитика“, која во моментов е под истрага на британските власти и се сомничи за крадење лични податоци од над 50 милиони корисници на Фејсбук за политички цели – што беше потврдено и од директорот и сопственик на Фејсбук, Марк Цукенберг.

Освен Спасов, од Македонија почетно во скандалот беа споменати и сегашниот министер без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и извесен Владо Андоновски.

Министер во владата на Заев вмешан во светскиот скандал „Кембриџ аналитика“?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top