По повод 27 март-Светскиот ден на театарот, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ утревечер ќе ја изведе претставата „Љубовни пози на историјата“ во режија на Наташа Поплавска. Ќе бидат прочитани Меѓународната и македонската порака за Светскиот ден на театарот.
Годинава наместо една има пет светски пораки од луѓе од театарот од пет континенти. Македонската порака годинава е на актерот Сашко Коцев.
– Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските ставени на нашите лица и да проговориме за вистината. Да се навратиме, да се потсетиме или да ги освестиме базичните мотиви кои не натерале да се бавиме со оваа професија. Да го замениме стремежот кон конформизам и благосостојба, кои во принцип значат креативна смрт за уметникот, со несебична борба за промена од моменталниот културен стриптиз во создавање здрава културна матрица, стои во македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст