| четврток, 6 декември 2018 |

Во наредните три месеци нема термини за мамограф

Мамографот во болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повеќе од еден месец е расипан, а слободен термин за овој вид дијагностичка процедура во наредните три месеци нема во ниту една здравствена установа во Скопје, пишува „Сакам да кажам“.

Според податоците на порталот во електронскиот систем за закажување МојТермин наредните три месеци слободен термин за мамографија нема на Клиниката за радиологија, во градската општа болница „8 Септември“, во поликлиниките Ѓорче Петров, Јане Сандански, Букурешт, Чаир, ниту во здравствен дом Железничар.

Од Министерството за здравство велат дека дефектот на мамографот во „Св. Наум Охридски“ е навреме и уредно пријавен кај овластениот сервисер и во секторот за медицинска опрема во Министерството.

Д-р Иван Спирoвски, директор на „Св. Наум Охридски“ изјавил дека добиле ветување од сервисерот дека неделава ќе го обезбедат делот кој им е потребен за да се стави апаратот во функција, но не сакаше да прецизира кога тој ќе проработи.

Засега од Министрество немаат одговор како ќе го решат проблемот, зошто освен во Скопје, слободни термини нема и во другите градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top