| четврток, 6 декември 2018 |

Дами, внимание: Поместувањето на часовникот многу повеќе влијае на вас

Досегашните истражувања повеќепати покажаа дека поместувањето на стрелките на часовникот лошо влијае на нашето здравје, но посебно на жените бидејќи, верувале или не, видно влијае на нашиот изглед.

Дерматолозите сметаат дека треба да се обрне внимание на кожата, бидејќи промената на сметањето на времето може да поттикне предвремено стареење. Еден час помалку во креветот и тоа како влијае на нашиот внатрешен биолошки часовник поради кој кожата побрзо старее.

Нарушувањето на биолошкиот часовник има негативни последици, кои најпрво се манифестираат на кожата, истакнува Кендис Браун, дерматолог на една клиника во Лондон.

Потребно е два- три дена за се да се врати во нормала, а особено кожата која има сопствен ритам и функционира така што се обновува во одреден период од денот – и наутро, и навечер.

Со поместувањето на часовникот настанува дисбаланс, па овие денови треба да и се помогне на кожата со помош на пилинг на лицето и кремови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top