| четврток, 6 декември 2018 |

Опожарени три возила во Скопје

Три патнички возила изутрината се опожарени на ул. „Мирослав Крлежа“ во Скопје, соопшти полицијата.

Во Единицата за информации и команда Скопје изутрината во 05:18 часот било пријавено дека на ул. „Мирослав Крлежа“ имало опожарено патничко возило „Ренџ Ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид. Од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила „Опел Инсигниа“ и „Тојота Јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки.

Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top