| четврток, 6 декември 2018 |

Свршеницата на принцот Хари не може да го поднесе животот во палатата: Изолирана и осамена бидејќи не и е дозволен интернет?!

Актерката Меган Маркл, идната војвотка од Сасекс, наводно секојдневно се мачи да се навикне на живот во Кенсингтонската палата.

Таа веќе не е во можност едноставно да стане, да прошета куче, џогира. Се чувствува изолирано од се и секого, што многу тешко и паѓа.

Таков живот не живеелеа до сега.

Исто така се шушка дека членовите на кралското семејство љубоморно го чуваат и штитат она што е нивно и ретко кога делат работи. Мислеле дека така ќе биде и во случај на новиот пар, но изгледа дека многу се излажале.

 

-Кралицата се надевала дека на Хари ќе успее на фин начин да му објасни што е негово, но нему таа идеја не му се допаднала, тој се дели со Меган- изјавил добро информиран извор за тамошите медиуми.

Проблемите на американската принцеза тука не завршуваат. Наводно една нејзина пријателка се пожалила како на меган и недостиа интернетот, посебно интеракцијата со луѓето.

-Таа секогаш беше со слободен дух. Кога нешто ја интересира и кога за нешто се залага, меѓу другото, таа своевремено  своето мислење го делела по пат на Твитер. Сега и Твитер и Инстаграм не и се достапни. Мислам дека Хари не разбира во потполност низ што таа минува- рекол изворот.

Како и да е, Меган во ниту еден момент не се пожалила дека нешто и е забрането. Познато е дека вистински се радува што на принцот Хари ќе му го изговори судбонсното Да, и дека во моментов не е бремена, но дека планира да поработи на заснивање семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top