| четврток, 6 декември 2018 |

Туран со закани до новинар поради прашање кон сопругата

Фудбалерот на Истанбул Башакшекир и поранешен капитен на турската репрезентација, Арда Туран, му се закани на еден турски новинар, а причината за тоа беше прашање за неговата сопруга Аслихан.

Младиот пар, кој неодамна стапи во брак, а кум им беше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вечераа со пријатели во ресторан во Истанбул. На излезот од локалот, фудбалерот и убавицата беа опкружени со група новинари кои поставиле неколку прашања за свадбата.

– Нели мислите дека церемонијата беше премногу скромна?, запрашал еден од новинарите, а Аслихан сигнализирала дека не сака да зборува.

– Арда не ви дозволува да зборувате?, прашал тој, а оваа реплика на новинарот го извадила Туран од такт.

– Однесувај се со повеќе почит ако не сакаш да ти ја скршам главата, рече Арда.

Потоа фудбалерот и неговата сопруга влегле во такси и си заминале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top