Бактеријата која ја предизвикува најчестата инфекција која се пренесува преку сексуален пат – гонорејата (позната и како трипер) се развива со голема брзина и е доста отпорна на антибиотици. Во моментов е неизлечива според извештаите на СЗО, а експертите велат дека оралниот секс само го влошува
проблемот.
Откриени се три случаи во Јапонија, Франција и Шпанија, каде докторите пријавиле целосна отпорност на секој лек со кој се обиделе. Но овие три случаи веројатно се само видливиот дел „од сантата мраз“, под кој се крие поголем број, особено со оглед дека системите за дијагностицирање и пријавување на неизлечиви инфекции не се развиени во сиромашните земји, каде случаите на гонореја се всушност многу почести.
Потенцијалната штета од широко распространување на супергонорејата би била застрашувачка. Оваа болест обично не е смртоносна, а луѓето кои ќе ја закачат, особено жените, дури и не покажуваат симптоми на инфекцијата. Сепак, ако не се лекува, гонорејата може да доведе до оштетувања и воспаленија на гениталиите, кои на крај можат да резултираат со стерилитет и кај мажите и кај жените. Истовремено, го прави организмот помалку отпорен на други инфекции, особено на ХИВ. Може да се пренесе и од мајка на дете додека е во матката, зголемувајќи го ризикот од спонтан абортус или раѓање на слепо дете.
Во 2015-та се регистрирани речиси 400 илјади нови случаи на гонореја во САД, раст на стапката за кој докторите сметаат дека е потпомнат токму од отпорните видови гонореја. На светско ниво, има околу 78 милиони новоинфицирани годишно. Но отпорноста на антибиотици не е единствената причина зошто гонорејата се враќа со освета.
СЗО потенцира дека луѓето поретко користат кондоми, почесто патуваат, а не се тестираат. Но дури и да го прават тоа, ако не најдеме повеќе и нови опции
за лекување, прашањето е кога, а не дали супергонорејата ќе стане секојдневна појава. Од друга страна, причината за отпорноста на гонорејата на антибиотици не се крие само во лековите против гонореја.
Потпомогната е и од прекумерната употреба на антибиотици при лекувањето на релативно полесни заболувања. Кога со антибиотици лекуваме инфекции како обично воспаление на грлото, на пример, тие се мешаат со видовите на трипер во грлото, кои така стануваат отпорни. Потоа, кога луѓето имаат орален секс без заштита, овие видови инфекции брзо се шират.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст