| четврток, 6 декември 2018 |

Румениге: Левандовски останува во Баерн

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека клубот нема намера да се раздели со полскиот напаѓач Роберт Левандовски и дека голгетерот сигурно останува нивни член.

Румениге потсети како во 2008 година, Челси нудеше многу пари за Френк Рибери, но тој остана во Минхен.

– Сакам да се сетам на 2008 година, кога имавме одлична понуда од Челси за Франк Рибери. Тогаш целиот свет сфати дека не можете да купите играч на Баерн без согласност од клубот. Ист е и случајот со Левандовски. Сигурен сум 100 отсто дека и во следната сезона Левандовски ќе игра за Баерн, потенцира Румениге.

По оваа изјава, останува да се види дали Реал Мадрид ќе се откаже од полскиот напаѓач кој требаше да биде замена за Карим Бензема кој зад себе има сезона под очекувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top