| четврток, 6 декември 2018 |

10 години затвор за ширење лажни вести

Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска во Парламентот поднесе предлог-закон со кој објавувањето „лажни вести“ се смета за незаконско.

Во предлог-законот се предвидува казна и до 10 години затвор за ширење неточни информации, што предизвика стравување дека ќе биде нарушена медиумската слобода во земјата.

Борците за човекови права стравуваат дека целта на законската иницијатива е да се криминализираат новинарските написи за евентуални прекршоци на функционерите.

Со нацрт-законот како лажни вести се оквалификуваат сите „вести, информации, податоци и соопштенија кои се целосно или делумно неточни, независно дали станува збор за новинарски написи, видео-материјали или аудио-записи“. Таквите дела ќе се казнуваат со 10 години затвор, 129.000 долари или и двете казни.

Според владини претставници, опозицијата ги користи „лажните вести“ како оружје за добивање гласови.

И други јужноазиски држави, меѓу кои и Филипини и Сингапур, исто така предложија предлог-закони за борба против „лажните вести“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top