
Миграциите како појава се присутни од почетокот на човековата цивилизација. Тие се интензивираат со глобализацијата. Последниве години Европа се среќава со масовна бегалска и мигрантска криза. Само низ Република Македонија, која е дел од таканаречената балканска рута, поминаа неколку стотици илјади мигранти и бегалци. Одредени анализи и информации покажуваат дека бегалската криза не е завршена, и дека е време сите заедно, но и секоја држава посебно, да преземе конкретни активности, порача претседателот на македонското Собрание Талат Џафери во обраќањето на на 138.Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева.
– Сите ние најчесто знаеме да се пофалиме со бројки, односно за тоа колку мигранти сме примиле или колку поминале низ нашата територија. Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека мигрантите се најмалку од се бројки, и тие се луѓе како нас. Разликата е во тоа што секој од нив, без разлика дали е економски мигрант или бегалец, носи многу тажна сторија. Многу често, пред сè жените и децата мигранти, се изложени на најгруби облици на насилство или се жртви на трговијата со луѓе, а организираниот транснационален криминал заработува милијарди долари врз нивните трагични судбини, рече Џафери.
Додаде дека според податоците денеска околу 258 милиони луѓе, односно 3,4 проценти од светската популација живеат надвор од државите во кои се родени. Тој додал дека меѓународните документи, меѓу кои и Универзалната Декларација за човековите права за која годинава одбележуваме 70 години од нејзиното донесување во Обединетите Нации, не обврзуваат сите да ја зајакнеме положбата на мигрантите и бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


